Охрид го раскина договорот за закуп на дел од паркинзите

 

Општина Охрид го раскина договорот за закуп на дел од паркинзите и го известила досегашниот закупец дека му се забранува користењето на паркинг просторот.

Паркинзите од денеска се во владение на општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески, за ова писмено го известил закупецот дека Општината ќе пристапи кон раскинување на договорот за закуп.

Општина Охрид смета дека закупецот не ги исполнил обврските од договорот и го раскинува договорот за закуп. Се надеваме дека постапката ќе заврши брзо во интерес на граѓаните на општина Охрид, изјави Џамтоски.

Раскинувањето на договорот се однесува на централното градско подрачје, односно улица „Македонски Просветители“ од пресекот со булевар „Туристичка“ до крајот, вклучувајќи го и кружниот тек со 162 паркинг места, улиците „Партизанска“ и „Кузман Јосифовски Питу“ до пресекот со кеј „Маршал Тито“ вклучувајќи го и паркинг просторот кај хотел Ривиера со 99 паркинг места.

 

најчитано сега