ВИДЕО: Кога голманот ќе тргне во напад

Интересно видео доаѓа од фудбалската Суперлига на Кина. 

Во рамките од кинеската Суперлига имаше еден невообичаен момент на мечот помеѓу Пекинг Гоан и Тјанџин Теда.

Имено, по еден долг напад на гостите, домашниот голман ја фрли топката на земјата и потоа тргна во напад.

Сепак, не се прослави, бидејќи веќе на центарот му беше одземена топката и малку недостасуваше противничките играчи да постигнат гол.

Сето ова се случуваше при резултат 1:1, а на крајот домаќините победија со 2:1.

.

23.09.2014 - 12:54


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега