Струга ќе добие Локален младински совет

Градоначалникот на Струга Зијадин Села, со потпишувањето на  Меморандум за соработка официјално започна постапката за основање Локален младински совет што ќе функционира во оваа општина.

Процесот за формирање на Младинскиот совет во Струга го координира струшкото Здружение за развој и активизам „Аква“, а на национално ниво кооринатори се Младинскиот образовен форум од Скопје и Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово.

Главна цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење одлуки.

Активностите се дел од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ којшто е финанисиран од ИПА-Програмата на Европската Унија.

 

 

23.09.2014 - 11:57


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега