Спиро Ристовски: Зошто СОНК наеднаш го промени ставот за екстерното тестирање?

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски не гледа реална и вистинска причина за одржување на најавениот генерален штрајк во образованието, бидејќи социјалниот дијалог со Синдикатот нормално функционира. Токму затоа, Ристовски во интервју за Прес24, оценува дека мотивите за штрајкот се сосема други.

ко во 2000 година најниската плата изнесуваше 3.400 денари, а највисоката 7.600, во 2013 година тие износи се зголемени на 10.655, односно 20.694 денари. Како Влада предвидовме во следниот период и дополнително зголемување на платите за 4%... Во 2008 година, потпишан е нов Колективен договор според кој платата наместо по степен на образование, веќе шестта година се исплаќа по работно место. Значаен напредок е постигнат и во делот на трансформација на работниот однос на вработените во образованието, којашто од 2011 година се врши и на лица кои работат повеќе од 2 години на работно место. И до сега, за период од 4 години реализирани се речиси 7.000 трансформации, во кои секогаш е вклучен и по еден претставник од СОНК, заради транспарентност и заштита на правата на вработените.Така што, мојот личен став е дека во моментов не постои вистинска, поткрепена со факти, причина за организирање на штрајкот, вели Ристовски за Прес24.

Според него, она што дополнително фрла сенка во искреноста на раководството на СОНК е пшто меѓу барањата на синдикотот е и екстерното тестирање. Тоа, вели Ристовски е промена на досегашниот став на Синдикатот.

-Наставниците пишуваа нереални оценки, поради притисоците од родителите, тогашни политички и општествени моќници кои немајќи време да се посветат на образованието на своите деца, несвесно, со закани и уцени кон просветните работници, придонесуваа во градењето на генерации без доволно квалитетно знаење и познавање на работите коишто се учат на училиште. Сега, конечно ставивме крај на таа негативна појава, токму преку екстерното тестирање кое како реформа беше прифатено и поддржано од СОНК, а сите нивни забелешки и сугестии континуирано се имплементираа. Сега одеднаш ставот на СОНК по однос на екстерното тестирање се промени...Па зарем не е тоа малку симптоматично?, вели во интервјуто за Прес24, заменик министерот за образование и наука.

Тој потенцира дека обвунуивањата на опозицијата околу наставните програми по Кемнбриџ се само продолжување на опозициската деструктивна политика.

-СДСМ и овој пат тотално ја промаши целта. Имено, тие воопшто не ни знаеја со кого како Влада потпишавме договор за имплементација на оваа реформа, а се дрзнаа да критикуваат. Нивниот претендент за министер за образование и наука, во една негова колумна за Кембриџ, напиша дека се работи за “некоја си невладина организација од Британија“... Тоа е доволен доказ дека тие луѓе немаат никаква врска и елементарни познавања на образовните политики и на светски најдобрите практики. Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ е најголемиот светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од 5 до 19 години, прифатени во 160 земји и над 9000 училишта. Таа воспоставена соработка за нас е привилегија. Сегашните и идните генерации добиваат можност да учат по истите наставни програми и од истите учебници како и учениците од Велика Британија, адаптирани на нашите национални особености. Нашите деца воопшто не се разликуваат од децата во Британија, ниту пак се помалку интелигентни, така што не гледам причина за обвинувањата на опозицијата за несоодветност на програмите, вели во интервјуто за Прес24, Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука.

 

ПРЕС24:  За 29 овој месец СОНК најави генерален штрајк во образованието, наведуваат неколку причини меѓу кои ниските плати, екстернто тестирање, немањето колективни договори и некои други елементи поради кои сметаат дека треба да се организира штрајк во образованието. Владата константно веќе неколку години врши покачување на платите во државаната администрација, предвидено е ново покачување со буџетот за 2015. Дали сето тоа е доволно и реално има ли основа за одржување на овој штрајк?

РИСТОВСКИ: Штрајкот е последната алка во правниот механизам за остварување или унапредување на одредени права, општествено економски и социјални состојби. Република Македонија е демократска земја во којашто во изминатите неколку години е воспоставен и одлично функционира социјалниот дијалог, преку кој досега сме соработувале со нашите социјални партнери, сме дискутирале и разрешувале бројни состојби коишто ја засегале едната или другата страна или пак, биле од заеднички интерес. И тој треба да продолжи да се практикува...

Ако ги анализираме состојбите во изминатите неколку години можеме да констатираме значително унапредување на правата на просветните работници. На пример, ако во 2000 година најниската плата изнесуваше 3.400 денари, а највисоката 7.600, во 2013 година тие износи се зголемени на 10.655, односно 20.694 денари. Како Влада предвидовме во следниот период и дополнително зголемување на платите за 4%... Во 2008 година, потпишан е нов Колективен договор според кој платата наместо по степен на образование, веќе шестта година се исплаќа по работно место. Значаен напредок е постигнат и во делот на трансформација на работниот однос на вработените во образованието, којашто од 2011 година се врши и на лица кои работат повеќе од 2 години на работно место. И до сега, за период од 4 години реализирани се речиси 7.000 трансформации, во кои секогаш е вклучен и по еден претставник од СОНК, заради транспарентност и заштита на правата на вработените. Значително се унапредени и инфраструктурните услови, како и условите за реализација на воспитно образовниот процес. Изградени и реконструирани се многу основни и средни училишта, многу од нив добија и нови спортски сали, континуирано се набавуваат современи нагледни средства и информатички технологии... Така што, мојот личен став е дека во моментов не постои вистинска, поткрепена со факти, причина за организирање на штрајкот.

ПРЕС24: Некои ограноци на СОНК, како на пример од Охрид, веќе се изјаснија дека нема да го поддржат штрајкот, посочувајќи дека мотивите за прекин на работата во образовниот процес  се мотивирани од внатре-синдикални избори кои следуваат во СОНК. Како го коментирате тоа?

РИСТОВСКИ: Тоа е само еден од доказите кои ги потврдуваат сомневањата дека се работи за однапред планирано сценарио и дека ставот на синдикатот кој се промовира пред јавноста е формулиран од најтесното раководство, а потоа е направен некаков обид да се наметне врз најголем дел од членството. Искрено не би сакал да навлегувам и коментирам за внатре синдикалните односи и релации, но мислам дека полека вистинската намера излегува на виделина.

ПРЕС24:  Пред овој најавен штрајк министерството покрена иницијатива за измена на законот за основно и средно образование во кој се предвидува замена на наставниците за време на штрајк. Таа одлука предизвика бура рекации во јавноста од оценување дека станува збор за оневозможување на правото на штрајк, до момент дека такво нешто реално не може да се реализира во пракса, затоа што нема можност да се изврши замената на наставниците. Има ли поврзаност на овие измени со најавениот штрајк во образованието?

РИСТОВСКИ: Наставниците имаат законско и уставно загарантирано право на штрајк. И  воопшто не е спорно дека истото, доколку проценат дека треба, можат да го реализираат. Но сепак, ние сме сериозни и одговорни институции во чии приоритети на делување се секогаш најмладите. Така што, нема да дозволиме прекин на наствата во училиштата, затоа што децата имаат право на образование и тоа државата треба да им го овозможи.  Тие никако не смеат да претрпуваат штети и да бидат заложници на идејата на еден човек.

ПРЕС24:  Екстерното тестирање е исто така дел од проболемите на кои посочува СОНК. Вие неколкупати имавте анализи на ова тема и додека бевте министер. Од денешна дистанца, откако поминаа тестирањата, каква е Вашата оценка за успешноста на овој проект?

РИСТОВСКИ: Екстерното тестирање е една круцијална обазовна реформа којашто е прифатена и се имплементира во најголем дел од земјите членки на Европската унија. Таа подразбира проверка на стекнатите знаења на учениците, но и проверка на објективноста на наставниците при оценувањето, којашто за жал во некои други времиња, особено во периодот на транзицијата беше спуштена на најниско ниво. Наставниците пишуваа нереални оценки, поради притисоците од родителите, тогашни политички и општествени моќници кои немајќи време да се посветат на образованието на своите деца, несвесно, со закани и уцени кон просветните работници, придонесуваа во градењето на генерации без доволно квалитетно знаење и познавање на работите коишто се учат на училиште. Сега, конечно ставивме крај на таа негативна појава, токму преку екстерното тестирање кое како реформа беше прифатено и поддржано од СОНК, а сите нивни забелешки и сугестии континуирано се имплементираа. Сега одеднаш ставот на СОНК по однос на екстерното тестирање се промени...Па зарем не е тоа малку симптоматично?

ПРЕС24: Има ли елементи за модификација на екстернто тестирање, односно да се најде модалитет како тоа да се подбри?

РИСТОВСКИ: Како и за секоја друга реформа, така и за екстерното тестирање добредојдени се сите квалитативните сугестии и забелешки во насока на негово надградување и усовршување. Ние и досега сме ги прфаќале позитивните намери, без разлика од каде доаѓале, дали директно од наставниците, од синдикалната организација, или пак, од учениците и нивните родители. Така ќе биде и во иднина.

ПРЕС24: Голем дел од професорите и наставниците имаат одбојност кон тој проект, пред се затоа што екстерното тестирање е оценка за нивната компетентност. Она што сакам да Ве прашам е постои ли можност за манипулација на професорите со учениците. Имаше некои информации дека наставницте им помагале на учениците при одгвоорите на прашањата?

РИСТОВСКИ: Практично е невозможно наставниците да им помагаат на учениците во одговорањето на прашањата, затоа што целиот овој процес и директната негова имплементација ја следат бројни набљудувачи, тестатори и просветни инспектори. Конечно и самите наставници се свесни дека доколку помагаат при одговорањето на прашањата, на тој начин му наштетуваат на некој колега, кој пак им предава на учениците по предметот по кој се тестираат и чијашто овјективност во оценувањето, на крајот од овој процес треба да се провери. Така што, неиздржани се констатациите по однос на ова прашање.

ПРЕС24: Иако навидум е небулозна тезата, меѓуто опозицијата обвинува дека екстерното тестирање бил елемент за пресметка со наставниците неистомисленици на власта. Имате ли коментар за ова?

РИСТОВСКИ: Опозицијата како и секогаш, така и по однос на ова прашање ја изразува својата деструктивност и обид за деградација на една од најкрупните образовни реформи во земјата. Впрочем, тие и никогаш не се занимавале со нешто друго, на пример да изработат сопствена програма, со конкретни, реални и остварливи проекти и активности за подобро утре, туку се занимаваат со критика по секоја цена, за сето она што нивните кадровски решенија не успеале да го обсмислат и понудат пред граѓаните.

ПРЕС24: Во јануари ова година како министер за образование во Лондон договривте имплементација на наставните програми од Кембриџ во образовниот систем во Македонија. Од септември веќе почна имплементација на програмата. Ова програма се оценува како најкрупна реформа во образованието, меѓутоа опозицијата обвинува дека програмите се несоодветни за македонскиот образовен систем?

РИСТОВСКИ: СДСМ и овој пат тотално ја промаши целта. Имено, тие воопшто не ни знаеја со кого како Влада потпишавме договор за имплементација на оваа реформа, а се дрзнаа да критикуваат. Нивниот претендент за министер за образование и наука, во една негова колумна за Кембриџ, напиша дека се работи за “некоја си невладина организација од Британија“... Тоа е доволен доказ дека тие луѓе немаат никаква врска и елементарни познавања на образовните политики и на светски најдобрите практики. Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ е најголемиот светски провајдер на меѓународни образовни програми и квалификации за деца на возраст од 5 до 19 години, прифатени во 160 земји и над 9000 училишта. Таа воспоставена соработка за нас е привилегија. Сегашните и идните генерации добиваат можност да учат по истите наставни програми и од истите учебници како и учениците од Велика Британија, адаптирани на нашите национални особености. Нашите деца воопшто не се разликуваат од децата во Британија, ниту пак се помалку интелигентни, така што не гледам причина за обвинувањата на опозицијата за несоодветност на програмите. Но познат е нивниот потценувачки однос кон сите категории на граѓани, на коишто секогаш им нуделе декларативни програми полни со нереални проекти, лаги и манипулации.

ПРЕС24:  Меѓу шекулативните информации кои се појавија се дека природните науки како хемија и физика ќе се изучуваат по оваа програма од многу рана возраст за учениците. Потоа дека голем дел од лекциите не се прилагодливи за возраста. Какви се вашите коментари и што всушност предивува оваа програма?

РИСТОВСКИ: Со новите наставни програми ученикот се става во центарот на образовниот процес. Тој повеќе ќе истражува и анализира, со што ќе се развие неговата самодоверба и критичко мислење. Многу е погрешна констатацијата дека децата уште во прво одделение ќе изучуваат хемија, физика и биологија и тоа на начин кој не е прилагоден на возраста. Имено, учениците и до сега во рамки на предметот запознавање со околината, учеа исти и слични содржини за природните и животните процеси. Сега, тие содржини продолжуваат да ги учат по одделни поглавја насловени според научните дисциплини. Што значи, концептот на образование ќе се спроведува на нов, интегративен начин, кој како што реков е прифатен во повеќе од 9.000 училишта во светот.

ПРЕС24: Студенскиот стандар и понатаму е еден од најранливите елементи во секторот образование. Аактуелната владеачка гаринитура неколкупати најавуваше пдообрување на сместувачките капацитети на студентите. Во Стив Наумов беа реновирани дел од капацитетите, сега се работи на студенсткиот дом Гоце Делчев. Но, сепак останува главната слика, која е лоша за студентските домови?

РИСТОВСКИ: Владата на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ е единствената којашто досега има инвестирано во изградба на нови сместувачки капацитети за студентите,  како и во сериозна реконструкција на постојните студентски домови. Досега се вложени приближно 200 милиони денари. Со дел од нив, беше изграден новиот комплекс во состав на студентскиот дом Стив Наумов. Се работи за 8 павилјони при чија изградба се запазени најсовремените инфраструктурни стандарди за сместување и престој. Исто така, согласно нашите ветувања и најави, во тек е и реконструкцијата на студентскиот дом Гоце Делчев. Ќе се реализира етапно, најпрво блок Б каде активностите ќе бидат заокружени во март 2015 година. Вредноста на оваа инвестиција е 76 милиони денари. Потоа ќе бидат реконструирани и останатите блокови во состав на домот.  За жал, долги години наназад никој не се сетил да инвестира во студентските домови, па затоа е потребно подолго време за подобрување на состојбите. Но, работите одат нанапред.

ПРЕС24: Во јавноста досега изминативе години, кога се зборува за студентските домови, постојано беше наметнувана темата за нов начин на менаџирање на домовите. Дали еден вид приватизација, или давање под концесија на студенските домови би можел да го реши овој проблем кој со години се провлекува?

РИСТОВСКИ: Засега нашите одлуки како Влада се да инвестираме во унапредувањето на студентскиот стандард преку буџетските средства. Иако, неколку пати ја разгледувавме можноста за менаџирање на домовите преку јавно приватно партнерство, која како идеја сеуште постои.

ПРЕС24: Повеќе од шест години во Македонија средното образование е задолжително. Тој проект кога во 2006 се носеше наиде исто така на остри реакции кај опозицијата. Денеска задолжителното средно образование е реалност. Но, она што јас сакам да Ве прашам, е дали од денешна дистанца оваа реформа ги постигна посакуваните ефекти?

РИСТОВСКИ: Основното и средното образование во Република Македонија станаа задолжителни, но и бесплатни. Државата веќе 6та година по ред обезбедува бесплатни уебници за сите ученици во основните и средните училишта, за што се издвоени повеќе од 35 милиони евра. Исто така, континуирано обезбедуваме и бесплатен превоз за сите ученици коишто живеат на оддалеченост повеќе од 2,5 километри од училиштата. Во минатото родителите на учениците за овие намени трошеа голем дел од средствата во семејниот буџет. А сега, но и во иднина тоа ќе биде обврска на државата. Образованието е достапно повеќе од било кога и тоа носи позитивни рефлексии врз образовната структура во земјата и врз нејзиниот севкупен општествено економски и социјален напредок

23.09.2014 - 11:08


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа