Дачиќ: Неприфатливо е да станеме дел од ЕУ само ако го признаеме Косово

За Србија е неприфатливо да стане членка на Европската унијата истовремено со признавање на независноста на Косово, изјави српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. 

- За нас таков услов за приклучување во ЕУ, како што е признавање на независнота на Косово, е неприфатлив, дециден беше денеска српскиот премиер.

Дачиќ додаде дека Србија е подготвена да работи со Косово за нормализирање на односите.