Екипи на Град Скопје го исчистија каналот Козле и дел од коритото на Вардар

 

Деновиве екипи на град Скопје го исчистија каналот Козле и дел од коритото на реката Вардар.

Екипи од „Улици и патишта“ рачно и машински исчистиле 310 кубни метри наноси на земја, комунален отпад и градежен шут. Искастрена и исечена  е и нискостеблестата и високостеблестата вегетација во каналот и во неговата непосредна близина, информираат од град Скопје. Исто така, рачно се чистела и нискостеблестата вегетација во централното градско подрачје меѓу Камениот мост и Пешачкиот мост, кај Луна Паркот во должина од 3.168 метри или околу 8.000 метри квадратни.

Моментално екипите на град Скопје работат на рачно чистење на вегетацијата на косините и минор коритото на  Вардар.

Воедно, кога ќе се спушти  нивото на реката, ќе се продолжи со машинско чистење на локациите „Вардариште“ во  Гази Баба и „Медија принт“  во Карпош.

ФОТО: Хитпортал 

најчитано сега