Досега починале 2.793 лица од ебола
Две од петте африкански држави, Сенегал и Нигерија, погодени од епедимија на ебола, успеаја да го запрат ширењето на болеста, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО наведе дека досега од ебола починале 2.793 луѓе од 5.762 инфицирани.
Во меѓувреме властите на Сиера Леоне соопштија дека за време на тридневната забрана за шестмилионското население да не ја напушта земјата, регистрирани се 130 нови пациенти.
Од епидемијата на ебола погодени се Нигерија, Сенегал, Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија. Во Демократска Република Конго регистрирана е зараза од друг тип на вирус, од кој починале 71 човек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа