Заврши драмата во Сплит - полицијата спречи самоубиство

По неколку часа конечно заврши драмата во Сплит, Хрватска, полицијата го сперечи човекот да се самоубие во неговиот стан. 

Како што пренесуваат хрватските медиуми причината за заканата со самоубиство бил физички конфликт и расправија со неговата девојка.

Тој со девојкта живеел на осмиот кат од зградата, со која утрово околу 11 часот прво започнале вербална расправија која подоцна преминала во физичка пресметка. Неколку часа по расправијата, како што тврдат очевидци, девојката истрчала од станот, кој бил во нејзина сопственост, и избегала од зградата. Станарите ја известиле полицијата за нарушување на јавниот ред и мир

22.09.2014 - 16:23


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега