ФОТО: Балотели навредуван на расна основа на Твитер

 

На мета на расистите од Англија беше фудбалерот кој на „Енфилд роуд“ се пресели од Милан, италијанскиот репрезентативец Марио Балотели.

На успехотна Лестер, кој славеше против Манчестер Јунајтед со 5:3, Италијанецот на „твитер“ се пошегува: „Манчестер Јунајтед... смешно“.

Нормално ова ги инспирираше навивачите на „Олд Трафорд“, кои што Балотели го почестија со бројни интересни имиња.

Така, верните фанови на Јунајтед, на Балотели му порачаа дека е мајмун и црнчуга.

Меѓу тие кои го сторија ова беше и новинар, чии што сочни одговори ќе одолееме да ги преведеме.

22.09.2014 - 16:16


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега