Го сокрила бебето во вц шоља за да го заштити од пијаниот татко
33- годишната Џесика Арендал го спасила животот на своето шестмесечно бебе така што го оставила во тоалетната школка кога нејзиниот сопруг Антони Дејвис со огненео оружје пукал кон неа.
Американската полиција стигнала во семејната куќа во неделата наутро, на повик на соседите кои пријавиле пукање. Дејвис инаку е маринец кој повеќе пати пијан ја злоставувал својата сопруга.
Тој ден тргнал да ја брка со пушка по куќата, а таа побегнала на третиот кат, каде заедно со бебето се заклучила во тоалетот.
22.09.2014 - 15:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа