Штрајкот е за лични амбиции во СОНК - наставниците сакаат социјален дијалог
Наместо идејата за генерален штрајк која е иницирана од тесното раководство на СОНК, заради задоволување на лични амбиции и цели преку задржување на сегашните функции, синдикалните организации од регионов, ја поддржуваат идејата за социјалниот дијалог низ кој и досега сме функционирале.
Ова го истакна Дарко Крстески, претседател на Синдикатот на ОУ „Христо Узунов“ од Другово, кој ги претставува просветните работници од тој регион.
-Со дијалог сме дискутирале и решавале бројни ситуации со извршната власт, во корист на сите просветни работници, а не во корист на мала група луѓе. Не велам дека состојбата во моментов е перфектна кога е во прашање статутот на просветните работници. Но, членството на нашиот синдикален огранок одлучи дека воопшто не е моментот да се организира штрајк за кој во јавноста се појавија бројни тези и тврдења околу вистинската негова намера и кои полека се потврдуваат, истакна Крстески.
Крстески вели дека децата и нивните семејства, во случај на голем штрајк, ќе бидат заложници на идејата на еден човек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа