Стопанска комора: Продолжува растот во градежништвото

Градежништвото во последниве неколку години бележи раст, а се зголемува и неговото учество во БДП. Според Стопанската комора на Македонија, секторот е се повеќе ангажиран во нискоградбата, компаниите работат добро и станува извесно отворањето нови работни места.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, градежништвото со себе повлекува и други гранки, а тоа придонесува за нивен развој. Најголемиот товар го носат средните и големите фирми со 20 до 2.000 вработени.

- Радува податокот дека градежништвото подолго време се ангажира во нискоградбата, речиси рамномерно низ целата држава, што беше наша заложба - на патот Смоквица-Демир Капија како дел од Коридорот 10, на автопатите од Миладиновци кон Штип и од Кичево кон Охрид. Ова е предноста што ја баравме, брз проток на стоки и услуги, истакна денеска на прес-конференција Марија Петроска од Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Изградбата на патната инфраструктура, напомена, ќе придонесе и за развој на руралниот туризам за кој во земјава постојат извонредни услови.

- Владата обезбеди средства и веќе почнаа поголемите инвестициски зафати – реконструкција на автопатот Велес-Скопје, проширување на патот Велес-Кадрифаково, изградба на повеќе регионални и локални патишта, објекти во здравството, станбени, индустриски и спортски објекти. Во наредниот период сигурно ќе почне да се гради и железничка пруга кон Бугарија и кон Грција, посочи Петроска, додавајќи дека согласно пресметките, вкупната вредност на вложувањата во овие проекти ќе изнесува 860 милиони евра. Тоа потврдува дека градежништвото и натаму ќе биде активно и ќе има поголем ангажман.

- Одговорајќи на новинарски прашања во врсак со сивата економија, Петроска рече дека не може многу лесно да се евидентира или процени.

- Не можеме да дадеме проценка колку нерегистрираните ангажирани работници придонесуваат за зголемување на градежништвото. Во секој случај, законите мора да се почитуваат. Онаму каде Што треба, 'е реагира Трудовата инспекција, подвлече Петроска.

Повикувајќи се на податоците од Државниот завод за статистика, Петроска информира дека бројот на активни градежни компании во Македонија изнесува 4.322 со околу 45.000 вработени.

Градежните компании учествуваат со околу 6,1 отсто во вкупно активните и со 6,8 проценти во вкупниот број вработени во земјата. 

22.09.2014 - 13:45
Фото: 
а1.он


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега