Шпански свештеник заболен од ебола се врати во Шпанија

Шпанскиот свештеник, кому му е дијагностицирана ебола, со која се заразил додека работел во Сиера Леоне допатува назад во Шпанија и е сместен во болницата Карлос Трети во Мадрид, соопштија шпанските власти.

Мануел Гарсиа Виехо, кој работел како директор на болницата Сан Хуан де Пиос во градот Лунсар во Сиера Леоне пристигна денеска нешто по три часот наутро во Шпанија со специјално опремен воен авион.

Министерството за здравство соопшти дека овој 69-годишен свештеник изразил желба да биде вратен во Шпанија, откако резултатите од тестирањето покажале дека е позитивен на ебола.

Тој е вториот шпански мисионер заразен со ебола. Пред него од оваа болест заболе Мигел Пахарес (79), кој беше префрлен од Либерија во Шпанија, но почина на 12 август.

22.09.2014 - 13:37


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега