Битолчанка се шетала со 93.000 денари во чанта - тинејџер ја ограбил среде улица

 

19 годишниот битолчанец К.Б. си заработи кривична пријава за “разбојништво“, информираат од МВР.

Како што информираат од полицијата, на 29. мај годинава, на улицата „Стерјо Ѓорѓиев-Џоџа“ во Битола, од зад грб ја пресретнал К.Ш.(54) и со употреба на сила одземал чанта во која имало 550 евра, 100 американски долари, околу 4.000-5.000 денари, два мобилни телефони, кредитна картичка и други документи. Тинејџерот причинил материјална штета од околу 93.000 денари.

Освен кривична пријава, информираат од МВР, битолчанецот заработил и притвор во траење од 30 дена.

 

најчитано сега