Му влегле дома и му приредиле хорор - драма во Велес
На улицата „Кирил Пејчиновиќ“ во Велес, во куќата во која живеат С.А. и неговата невенчана сопруга Н.К. се случила вистинска драма откако влегле 45-годишниот Б.И. и неговиот 20-годишен син И.И. кои го скршил стаклото од влезната врата, влегле, го фатиле С.А. и го турнале на подот.
Од страна на полициски службеници, Б.И. е приведен во ПС-Велес и над истиот е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 3,40 промили.
Двајцата ќе си заработат соодветна кривична.
22.09.2014 - 12:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа