Само 2% од луѓето можат да го решат овој тест на Ајнштајн
Познатиот научник Ајнштајн тврдел дека само 2 проценти од светската популација можат да го решат овој тест.
Земете пенкало и хартија и пробајте и вие да го најдете решението...
Задача:
5 куќи се обоени во 5 различни бои. Во секоја од тие куќи живее личност од различна националност. Сите тие сопственици пијат различен пијалак, свират различен инструмент и чуваат различни домашни миленици. Ниту еден сопственик нема ист миленик, инструмент ниту пијалак.
Врз основа на долу наведените податоци, откријте кој чува риби како миленици.
Познати детали:
- Британецот живее во црвена куќа
- Швеѓанецот чува кучиња.
- Данецот пие чај.
- Зелената куќа е лево од белата куќа.
- Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
- Личноста која свири виолина одгледува птици
- Човекот во жолтата куќа свири клавир.
- Човекот во средната куќа пие млеко
- Норвежанецот живее во првата куќа
- Човекот кој свири труба живее покрај оној што чува мачки
- Човекот кој чува коњи живее покрај човекот кој свири на клавир
- Сопственикот кој свири армоника пие пиво
- Германецот свири гитара
- Норвежанецот живее покрај сината куќа
- Личноста која свири труба има сосед кој пие вода
Постои само едно решение кое ги задоволува сите горе наведени услови... Што мислите кое е???
Решение:
1 куќа: Норвежанец, жолта, вода, клавир, мачиња
2 куќа: Данец, сина, чај, труба, коњ
3 куќа: Британец, црвена, млеко, виолина, птици
4 куќа: Германец, зелена, кафе, гитара, риби
5 куќа: Швеѓанец, бела, пиво, армоника, куче
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа