Десет лица го загубија животот во налетот на тајфунот „Марио’’
Тајфунот „Фунг-Вонг“, кој на Филипините е наречен „Марио’’, од петокот вечерта, па до денеска, направи пустош над северниот и централниот дел на филипинскиот архипелаг.
Најголеми штети претпе подрачјето на филипинскиот главн град Манила.
Официјално, како последица на силниот ветар, а уште повеќе поради врнежите, што донесоа над 300 литри дожд на квадратен метар во 24 часа, загинаа 10 луѓе, а 183.000 семејства беа евакуирани. Во прифатните центри ќе останат околу 50.000 семејства со 197.500 членови, бидејки нивните живеалишта се наполно уништени.
Последниот катастрофален тајфун денеска се движи кон Тајван. Метеоролозите најавуваат дека неговата јачина ќе се намалува, но високиот степен на опасност важи од денеска и на Тајван.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа