ВИДЕО: Отворен најдлабокиот базен на светот

Во Италија е изграден базенот „Y-40“ со длабочина од дури 40 метри, што моментно го прави најдлабокиот базен во светот.

До неодамна титулата најдлабок базен во светот ја носеше „Nemo33“, нo „Y-40“ е подлабок за петипол метри.

Базенот „Y-40 Deep Joy“ се наоѓа во рамки на хотелскиот комплекс „Терме Милепини“ во Монтегрото во Италија, а дизајнот на овој импресивен нуркачки центар е дело на архитектот Емануел Боарето.

Температурата на водата во базенот кој се состои од 12 ката е од 32 до 34 степени Целзиусови. Базенот има неколку платформи, а комплексот се стеснува кон дното.

На некои од платформите се наоѓаат подводни пештерии, а безенот содржи и стаклен подводен тунел за оние кои не сакаат да нуркаат, а сепак сакаат да ја видат внатрешноста на базенот.

Базенот е отворен во јуни оваа година, а  на отворањето присуствуваа и познатите италијански нуркачи Умберто Пелизари и Енцо Мајорка, како и Лара Молинари, која изведе и спектакуларна точка за посетителите. 

22.09.2014 - 11:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега