ФОТО: Таа е вистинско „чудо“ - родена без капка крв, денес сосема здрава

 

Ова девојче е допказ дека навистина чудата постојат. Малата Мејси Вигнес е девојче познато во медицинските кругови. Таа пред четири години е родена без хемоглобин во крвта и успеала да преживее што е единствен таков случај досега забележан во светот.

-Имаше случаи кога бебињата преживуваат со ниво на хемаглобин од четири, но без крв – не. Мејси имаше само мало ниво на плазма – прераскажува мајката Ема која девојчето на свет го донела со царски рез шест недели пред предвидениот термин.

Мејси две недели поминала во инкубатор и секојдневно била на трансфузии со крв и тромбоцити. Нејзиното слабо детско тело се изборило за живот.

Лекарите сè уште не утврдиле што е тоа што предизвикува бебешката крв во потполност да се апсорбира во телото на мајката како што е случајот со мајката и ќерката Вигнес.

22.09.2014 - 10:27


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега