'Не стравува турскиот народ туку потиснувачите' - Анонимните го нападнаа сајтот на турската Влада
Хакерската групација Анонимните заедно со Сириската електронска армија изврши хакерски напад врз сајтот на турската Влада.
Најверојатно на овој начин Анонимните го изразуваат незадоволството од полициската бруталност врз демонстрантите.
Информацијата за нападот врз Интернет страницата на службата на премиерот беше објавена преку Твитер,.
- Стравот ја смени страната - турскиот народ не стравува, стравуваат потиснувачите, нагласија Анонимните.
Тие тврдат дека со нападот се здобиле со адреси од електронска пошта, кодови и телефонски броеви, кои сепак не се објавени. Сириската електронска армија се здобила со над 60 адреси за електронска пошта и кодови.