Наместо автомобил добиле дрога во пијалокот - сопружници од Скопје пронајдени во бесознание на Галичица
МАкедонската полиција ќе поднесе кривични пријави против две лица кои биле домаќини во Охрид на брачната двојка од Скопје, која беше пронајдена во безсознание на Галичица, дознава Плусинфо. Според неофицијалните информации до кои стигнал порталот, скопјаните заминале во Охрид за да купат возило. Таму биле пречекани од две лица и најверојатно заминале кај нив дома, каде им бил понуден пијалак. Подоцна, брачната двојка била пронајдена во бесознание на врвот на планината Галичица. Анализите треба да покажат дали во пијалокот кој парот го пиел кај домаќините, имало дрога или друга материја која доведува до бесознание. Сопружниците велат дека се сеќаваат само дека се сретнале со две лица и пиеле пијалок.
ОД полицијата, пренесува Плусинфо, најавиле детали од истрагата за еден час.