Скопјани ќе добијат трамвај и растеретен сообраќај

 

Скопјани ќе добијат трамвај и порастеретен сообраќај. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на средба со кметот на Софија, Јорданка Фандакова се информираше за решавање на секојдневниот градски метеж.

-Имавме средба со градоначалничката и нејзиниот тим и разговаравме на теми од областа на сообраќајот и екологијата. Разговаравме за видовите на сообраќај кои што ги има во градот Софија како и стратегија на развој на сообраќај, дискутиравме и за начинот на организирање на паркирањето, како и организирањето на такси службата во Софија. Го посетивме и Центарот за контрола на сообраќај, каде што од едно место се управува автобускиот, трамвајскиот и тролејбускиот сообраќај. Во секој случај стекнавме многу значајни и вредни искуства за нас и за Градот Скопје, истакна Трајановски.

Освен трамвајот, Скопје ќе добие и нов Центар за управување и контрола на сообраќајот. Овој Центар ќе помогне да се скрати времето за патување низ градот за 50 проценти. Новиот систем за регулирање на сообраќајот ќе помогне за зголемување на проточноста на возила по улиците, што ќе донесе намалување на загадувањето и потрошувачката на гориво.

ФОТО: Дневник

најчитано сега