Уставниот суд бележи 50 годишнина од основањето

 

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја одбележи 50-годишнината од основањето на уставното судство во државата.

Во рамки на одбележувањето ќе се одржи меѓународна конференцијата на која ќе се обратат претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претседателката на Уставниот суд Елена Гошева.

Учесниците на конференцијата ќе дебатираат за „Современите предизвици на уставното судство: Принципот на поделба на власта и неговата заштита од страна на Уставниот суд и за Оценката на уставноста и законитоста на подзаконскиет акти“.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи и прес-конференција на која ќе говорат претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, претседателот на Европскиот суд за човекови права  Дин Шпилман, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија амбасадорот  Ралф Брет, судијата во Европски суд за човекови права  Мирјана Лазарова – Трајковска и заменик регистраторот од Европски суд за човекови права, Мајкл О’болј.

На конференцијата најавено е присуство на претставници од домашни и странски судови и институции.

 

19.09.2014 - 12:10


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега