Викендов отворање на скопската градска плажа Камени Мост

Втората сезона на Градската плажа „Камен мост“ ќе се отвори на 8 јуни со концертот на хрватскиот состав „Антенат“. Ова е само почеток на уште едно жешко лето на плажата, а наскоро ќе биде објавена и целсоната програма.
Во текот на овие четири и пол месеци планирани се кино вечери и проекции на култни македонски и странски филмови, фестивал на кратки филмски форми, изложби на млади уметници и фотографи, спортски турнири, матине забави, караоке и слично.
Градска плажа располага со 5 урбано наместени шанкови за продажба на храна и пијалоци, една голема бина која се наоѓа над реката по средината на плажата и со 157 м2 површина на платформи(декови)за поставување на маси и столови за потрошувачите и рекреативците. На располагање и ова лето стои и одбојкарското игралиште како и огромниот простор од 1000 м2 чиста морска песок и камчиња.
Епа скопјани подгответе се за плажирање и кулирање со добра забава во центарот на Скопје.

најчитано сега