Пожар во метро во Москва - 11 лица се повредени, меѓу нив и дете

11 лица меѓу кои и едно дете се повредени во пожарот кој изутринава избувна во московското метро.

- Пожарот, кој избувнал во  еден од тунелите, каде се запалил електричен кабел, веќе е изгаснат, изјави Виктор Бурјуков од московскиот центар на Министерството за вонредни ситуации. 

28-годишна  жена и 47-годишен маж се затруле поради вдишување на чад и тие се пренесени во болница.

 Од метрото поради чадот веќе се евакуирани 4.500 лица.

најчитано сега