ВИДЕО: Трогателна глетка во Србија - половина село покриено со кал

 

Трогателна слика по невремето во Србија. Река од кал носеше се пред себе во селото Текија, кое е најтешко погодено од поплавите кои го зафатија источниот дел од Србија. Две третини од селото се покриени со кал. Во некои куќи калта стигнала до вториот кат. Штетите се огромни.  Селото се наоѓа на околу 25 километри од градот Кладово и е откинато од светот како резултат на активирање на земјиштето. Таква природна катастрофа локалните жители не паметат. Последиците се гледаат на секој чекор. Водата однела мостови, искоренати се и дрвја. Во селото нема вода, струја, не работат мобилните телефони.

18.09.2014 - 13:32


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега