Исламска држава освои 16 курдски села во северна Сирија
Џихадисти од Исламска држава презедоа контрола врз 16 курдски села во северна Сирија што е нивни најголем успех во освојувањето територии кон градот Ајн ел Араб на границата со Турција, изјави денеска курдски командант.
Џихадистите употребиле тешко оружје меѓу кои и тенкови во нападите недалеку од градот Ајн ел Араб.
И опозициската Организација за заштита на човекови права соопшти дека борци на Исламска држава почнале вчера напладне со напади и дека презеле контрола врз голем број села.
Најмалку едно беспилотно летало е регистрирано над подрачје под контрола на Исламска држава во сириската провинција Алепо од која екстремистите евакуирале голем број свои бази.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа