СБ на ОН ќе одржи вонредна седница за епидемијата на ебола

 

Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи вонредна седница посветена на епидемијата од ебола, од која досега починаа речиси 2.500 лица во западноафриканските земји.

Состанокот ќе се одржи по барање на САД, а ќе биде претставена и предлог-резолуција со која се бара „координиран меѓународен одговор“.

Во предложената резолуција се бара укинување на унилатералните гранични рестрикции воведени на патувањата кон западноафриканските држави, кои „водат кон натамошна изолација на загрозените земји и ги поткопуваат нивните напори да одговорат на епидемијата“.

Со документот се бара од државите да обезбедат итна помош, вклучувајќи испраќање на квалификувани експерти, персонал, лекови, лаборатории и мобилни болници. 

18.09.2014 - 11:02


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега