САД ќе ги вооружува умерените сириски бунтовници
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одобри планот на претседателот Барак Обама за вооружување и обука на умерените сириски бунтовници, кои се борат против екстремистичката група „Исламска држава“.
Планот е одобрен со 273 гласа „за“ наспротив 156 гласа „против“. Сенатот во однос на законот треба да се изјасни најрано во четврток и се очекува да го поддржи.
Потоа законот ќе биде испратен до Обама за негово потпишување.
18.09.2014 - 10:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа