Дознajте дали ве изневерува на Facebook

 

Социјалните мрежи и интернетот негативно влијаат на емотивниот дел од животот на луѓето. Многумина го сметаат Фејсбук за непријател на љубовта, а социјалните мрежи станаа најдобро место за флерт и за неверство. За тоа се свесни многу жени што внимателно го набљудуваат однесувањето на своите партнери на социјалните мрежи. Ако сметате дека е неверен, еве неколку знаци што би можеле да го потврдат тоа.

- Често се занесува во пишувањето пораки. Се смешка и забрзано чука, но никогаш не ви кажува со кого разговара. Секако дека треба да ја почитувате неговата приватност, но ако тоа често се случува, би требало да ви каже со кого комуницира.

- Пораките му стасуваат во која било доба од денот или од ноќта. Ако некој негов пријател има проблем, сосема е нормално да му се најде при рака. Но, ако трае предолго и тој речиси секоја ноќ се допишува со некого во доцните часови или испраќа „службени мејлови“, време е за тревога.

- Секогаш го крие својот Фејсбук-профил од вас. Ако е на Фејсбук додека му приоѓате, го сокрива мобилниот или отвора нова страница на интернет за да не видите што прави.

- Мобилниот телефон му е секогаш в рака и никогаш, баш никогаш не го остава далеку од себе. Ако се преплашува секој пат кога ќе му се причини дека посегнувате по неговиот телефон, јасно е дека нешто не е в ред.

- Ве напаѓа секој пат кога го прашувате зошто толку време поминува на социјалните мрежи. Ако дури и ве oбвини дека сте безобразни бидејќи го прашувате, тука дефинитивно нешто не е во ред. Ако не прави ништо погрешно, нема ни причина толку да се брани.

 

 

17.09.2014 - 23:11


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега