Младо момче избодено на улица во Топанско поле

 

Вчера попладне, на улица во скопската населба Топанско поле, засега непознат сторител избодел со нож 20 годишно момче од Скопје.

Според МВР, 20 годишникот П.А. вчера околу 18 часот на улицата „Лазо Трповски“ бил нападнат од непознато лице. Насилникот извадил нож и го расекол момчето во пределот на левата подлактица. Од полицијата информираат дека напаѓачот, бил во друштво со уште неколку лица. 

Момчето веднаш било пренесено во скопскиот Ургентен центар, каде е задржан на лекување. Сеуште не се познати мотивите за нападот, но, неофицијално, П.А. и напаѓачот од претходно имале одредени недоразбирања.

најчитано сега