Легендарниот Бата Живоиновиќ го прославува 80. роденден
Легендарниот актер Велимир Бата Живоиновиќ денеска го прославува својот 80 роденден. Тој во текот на оваа година се избори со тешка болест.
- Својот 80 роденден го славам во кругот на семејството, пријателите и лекарите кои ми помогнаа да го поминам тешкиот период во животот. 80 е убава бројка и вреди да се прослави, вели Бата за српскиот Телеграф.
- Се чуствувам многу подобро и сум благодарен на лекарите кои ми помогнаа, додава актерот.