Македонија користи најсовремен инсулин

 

Во Македонија околу 80 % од лицата кои што се зависни од инсулин примаат најсоверемен инсулин во светот, станува збор за инсулинот аналог. За ова денеска информираше министерот за здравство, Никола Тодоров.

- Ако се направи една компарација во други држави тој процент е многу помал, некаде и дупло помал. А станува збор и за многу побогати земји каде што процентот на аналози е многу помал  во однос на хуманите инсулини, истакна Тодоров.

Министерот оцени дека станува збор за исклучително квалитетени инсулини кои што се достапни во аптеките и во сите аптеки за дијабет се подига инсулин.

-Со намалување на критериумите се овозможува поголема конкуренција. По овие критериуми ги распишуваме и сите претходни тендери, посебно ќе го нагласам тендерот со кој се овоможи паралелен увоз на лекови, преку кои Јавното здравство заштеди за една години 360 милиони денари, односно околу 6 милиони денари, истакна Тодоров.

17.09.2014 - 14:54
Фото: 
курир


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега