19.000 лица евакуирани поради поплавите во Чешка

 Над 19.000 лица се евакуирани, осуммина се загинати и четворица се водат како исчезнати во поплавите во Чешка.

Додека чешкиот главен град се справува со последиците од надојдената река Влтава, чиј водостој постепено се намалува, во северозападниот дел на земјата особено во Устецкиот крај се очекува ситуацијата со надојдените води да кулминира утре во вечерните часови.

Метеоролозите и за денеска превидуваат облачно време со повремени врнежи од дожд. 

најчитано сега