„Никогаш не судете за оној кој не го знаете“

Во предвечерието еден изморен селанeц седна на прагот од својата куќа и се насладуваше со свежиот ветрец... Покрај куќата имаше искривено патче. Еден минувач, здогледувајќи го селанецот, си помисли: „Ова е некој мрзливец. Цел ден ништо не работи, само си стои на прагот и гледа кој поминува по патот“.

Малку подоцна наиде и друг човек. Го виде селанецот седнат на прагот и низ брадата прошепоти: „Види го ти него. По цел ден стои на прагот, ги гледа и им досадува на младите девојки и снаи кои одат на чешма. Срам да му е!“

Потоа на патот наиде еден дрвосечач, и си помисли:

- Еве вреден селанец. Работел и се трудел цел ден на нива, па сега на својот праг се одмора, чекајќи ја вечерата.

За селанецот којшто седеше на прагот не знаеме ништо. Но можеме многу да дознаеме за тројцата минувачи.

Првиот е мрзливец и денгубец.

За вториот во ниту еден случај не би можеле да речеме дека е добар човек.

Третиот човек е вреден работник, кој со чесна работа го заработува лебот.

Сè што говориш сведочи за тебе самиот, особено кога зборуваш за другите...

Извор: Курир 

17.09.2014 - 11:15


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега