"Стани сине, јас ќе легнам во гробот место тебе" - Србија завиена во црно

Мајката, сестрата, браќата и пријателите на таткото и бебенцето кои вчера загинаа и ја завија Србија во црно, денеска со неизмерна тага и солзи во очите ги испраќаат двајцата во вечното живеалиште.

- Сине, зошто ме оставаш? Стани сине и кажи ми нешто, стани јас ќе легнам во гробот наместо тебе....скршена од болка вака мајката на петгодишниот Милутин денеска извикуваше на гробиштата. 

Според податоците на српскиот Курир, роднини и пријатели денеска дојдоа да изразат сочуство на семејството, а потоа тажната поворка се упати кон селските гробишта. Додека бил спуштан малиот бел ковчег со бебенцето, мајката едвај се држела на нозе.

За потсетување, 46 годишен маж и неговото 5 годишно дете биле прегазени од автомобил на патот Краљево - Крагујевац во Србија. Како што пишува српски Блиц, 46 годишниот Раде Ќировиќ и неговиот 5 годишен син Миле излегле од една сала за прослави каде што нивниот сосед славел роденден за својот син. Се движеле прегрнати по патот кога на нив налетал автомобил и ги усмртил на лице место. 

17.09.2014 - 10:44


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега