Шведскиот крал доживеа сообраќајна несреќа

Возилото, градски џип, во кое се наоѓал шведскиот крал Карл 16-ти Густав, заедно со неколку телохранители, денеска претпладне се судри со друго возило на мостот „Нокеби“ во Стокхолм, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Шведскиот крал во моментот кога се случила сообраќајната несреќа бил на пат кон аеродромот „Брома“ во близина на Стокхолм.

- На мостот „Нокеби“ едно возило неочекувано го пресече правецот на движењето на возилото на шведскиот крал и притоа дојде до силен судар со големи оштетувања на двете возила, но немаше никакви телесни повреди, рече шефот на службата за информирање при шведскиот двор, Маргарета Торгрен за Шведската телевизија СВТ.

Набрзо по сообраќајната несреќа кралот Густав продолжил кон аеродоромот во едно возило од неговата придружба.

Според извори од шведската безбедносна полиција СЕПО, кралот бил на пат за Буртреск, каде што ќе присуствува на отворањето на една нова фабрика за млечни производи.

17.09.2014 - 10:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега