„Сакам да направам сапун од кожата на мигрантите" - изјавата која го шокираше Балканот

 

Продолжен притворот за Јоргос Рупакис за шест месеци од страна на советот на грчкиот апелациски суд, кој пред една година го уби раперот Павлос Фисас, јави дописникот на МИА од Атина.

Обвинетиот за убиство на 34-годишниот музичар и член на криминалната организација Златна зора, ке биде задржан во притвор во наредните шест месеци во очекување на почетокот на судењето. На 21 септември ке се одбележи 

една година одкако Рупакис е во затвор, во очекување на судскиот процес за убиството. Минатата година во октомври беше издаден вториот налог за апсење на Рупакис, под обвиние за учество во криминална организација. Во меѓувреме,

кандидатот за пратеник на Златна зора на парламентарните избори во 2012 година е осуден условно на една година затвор тоа што во документарен филм изјави дека "сака да направи сапун од мигрантите" и "да направи ламби со нивната кожа.

Александрос Пломаритис бил снимен во документарниот филм "The Cleanersc" (Чистачите) како отворено ги кажува своите намери во еден атински кварт чиј кандидат беше на изборите.

 

17.09.2014 - 09:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега