Самарас не сака да пие чај со турскиот колега

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вчера го посети турскиот дел на Кипар и рече дека грчкиот премиер, Андонис Самарас, треба да му се придружи токму таму на мировни преговори, но Атина го отфрли неговиот коментар, пренесува МИА.

 Ако премиерот е подготвен, да одиме заедно на југ, да пиеме чај и разговараме за разни прашања. Потоа да одиме заедно на север. Ајде заедно тука да воспоставиме мир, рече Давутоглу на прес-конференција.

Во одговорот од грчкото Министерство за надворешни работи се вели дека ги поддржуваат мировните разговори кои ги нагледуваат Обединетите нации, пренесува  МИА.

- Останува на Турција да придонесе за постигнување решение со преземање значајни иницијативи кои се однесуваат на суштината на проблемот: постоењето на окупациските сили; непочитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права и контрапродуктивно став на турската страна на Кипар, се уште ги има во разговорите меѓу заедниците, изјави портпролот на грчкото МНР Константинос Кутрас.

17.09.2014 - 10:03


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега