Србија во страв и паника - ќе има ли реприза на катастрофите од невремето?

Како што пренесуваат српските медиуми, едно лице загина во поплавите кои поради големите дождови вчера ја зафатија општина Кладово на истокот на Србија. Повозрасна жена го загубила животот во населбата Текија кај Кладово каде е најтешка ситуацијата и каде во тек е евакуација со помош на пловила и хеликоптери.

Страв и паника кај населението, по големите катастрофи кои и се случија на земјата пред неколку месеци. Србите се плашат од репризирање на грдите слики кои цел живот ќе им останат во тажно сеќавање.

Кладово уште од утрово е отсечено бидејќи поројните дождови предизвикаа поплави и свлечишта кај планината Мироч и урнаа два моста кои од Неготин водат кон Кладово, а оштетена е и Ѓердапската магистрала кај Текија.

17.09.2014 - 09:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега