Каде ќе и оди душата на оваа мајка - си го фрлила своето бебе во канализација

Уште еден хорор го потресе светот.  Мајка монструм си го фрлила своето бебе во канализација. Девојки од женскиот студентски дом во кинескиот град Лен, истрчале од тоалетот викајќи дека се слуша плач на бебе. Противпожарната бригада дошла веднаш после повикот и заклучиле дека во канализациските цевки на 4-ти спрат од студентскиот дом се наоѓа бебе и дека ситуацијата е доста критична.

После акцијата која траела три часа, успеале да го извлечат бебето, кое се уште се наоѓа во болница и состојбата му е стабилна.

Се верува дека мајката е студентка и дека породувањето се случило во тоалетот.

17.09.2014 - 09:35


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега