Почина легендарниот гитарист на „Парни Ваљак“

Р

астко Милошев Рас, музичар и поранешен гитарист на Парни Ваљак, почина во 53-тата година од животот.

Електрична гитара почнал да свири на 15 години, а со неполни 18 станал член на култната група “Парни Ваљак“. Со нив работел полни пет години, на дури шест албуми.

Кога заминал од Парни Ваљак станува студиски музичар и свој печат остава на бројни албуми снимени во текот на осумдесеттите, како гитарист, автор, аранжер, и продуцент. Негови соработници беа Тереза Кесовија, Дино Дворник, Оливер Мандиќ, Калиопи, Јасмин Ставрос, Дино Мерлин, Плави Оркестар, Хаустор, Патроле…

На крајот на осумдесеттите ја оформи својата група “Рас 2-ва 3-ри“, а потоа стана автор на музика за телевизија и филм. Последниот албум го објави во 2011 година.

Рас зад себе остави четири деца и сите се занимаваат со музика.

17.09.2014 - 00:30


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега