Семејството ја бара веќе 4 дена: 23 годишна Македонка отишла да работи на брод и исчезнала

Дениса Маркоска има 23 години и како и многу други Македонци тргнала во потрага по работа и егзистенција на туристички брод. Две години успешно работела на истиот брод и оваа година потпишала договор по трет пат. Била пресреќна поради сето тоа, ја споделувала радоста со блиските, со пријателите… Но, кратко време по тоа оваа девојка исчезнува.

Дениса мистериозно исчезнала од брод што плови на отворено море, во раните утрински часови на 13 септември. Бродот Serenissima пловел под руско знаме во територијалните води на Грција. И никој не видел што се случило… Спроведена е истрага со многу празнини и недоследности од страна на грчката полиција на Крит. Родителите се уште не добиле официјален извештај ниту од капетанот на бродот, ниту од грчката полиција, ниту пак од некоја надлежна македонска институција. Родителите се очајни. Молат за помош како и за притисок врз надлежните органи од сите инволвирани земји за да се дознае што се случило со Дениса и каде е таа. Можеби девојката е киднапирана или не дај Боже убиена….

17.09.2014 - 00:25


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега