Жена шета низ продавници и става игли во меленото месо

Повеќе од година дена, жена од Германија ширела страв низ супермаркетите во Северна Германија. Средена и секогаш насмеана, во месните производи подметнувала игли за шиење.

По неколку месечна потрага, полицијата конечно успеала да ја уапси, пишува Билд.

-Таа е на возраст од 60 години и живее во Холштајн, објави потпаролот на полицијата, при тоа додавајќи дека во полицијата биле пријавени повеќе од 20 вакви случаи. Првиот случај бил пријавен пред година дена, а за среќа досега никој не бил тешко повреден. 

Полицијата успеала да ја фати жената благодарејќи на камерите во супермаркетите. Таа ставала игла и во пакуваните месни производи но и во свежото месо.

Една тинејџерка (17) додека јадела приготвено мелено месо кое го купила од локалниот супермаркет, во устата почувствувала игла.

Нејзините мотиви се' уште се нејасни, но таа завршила на психијатрија. Германската јавност за целиот случај била известена за време на минатиот викенд. Германските медиуми се прашуваат зошто луѓето порано не предупредиле на ваквата опасност, а пак полицијата ги насочиле новинарите одговорот на ваквото прашање да го бараат кај државниот јавен обвинител.

-Информирањето на јавноста не е гаранција дека ваквите дела нема да се повторат, стои во соопштението од канцеларијата на државниот обвинител.

16.09.2014 - 22:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега