По 20 километри возење решил да се врати назад - Како се случила страотната несреќа на автопатот Скопје – Велес

Наместо кон Скопје па Приштина по грешка се упатил кон Велес. Косовскиот државјанин кој вчера попладне ја предизвика сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Велес го погрешил патот па одлучил по истиот да се врати назад.

Реконструкцијата откри дека направил две клучни грешки кои резултираа со седум тешко повредени. Излегувајќи од скопскиот Аеродром Александар Велики првата грешка ја направил на клучката кај Петровец кога наместо на излезот за Скопје се приклучил на патот во правец на Велес.

Дека вози кон југот а не кон северот на Македонија заклучил кога го поминал првиот тунел кон Велес па половина километар подолу застанал на паркиралиштето до автопатот. Тука ја направил и клучната грешка кога решил да се врати по истиот пат но во спротивна насока

Камерата на Сител регистираше дека на овој патен правец има соодветна хоризонтална и вертикална патна сигнализација. Помошник директорот на ЈП Државни патишта кое е задолжено за оддржување на сигнализацијата вели дека таа е поставена по сите светски стандарди.

Додека се движевме кон Велес забележавме дека по вчерашниот случај полицијата редовно поминува во обиколка. Овие мерки на претпазливост ќе се спроведуваат и во иднина со цел да се спречи повторување на ваквите несреќи и да се заштитат животите на патниците кои се движат на овој патен правец.

16.09.2014 - 22:11


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега