Како да познаете кога жената глуми оргазам?

Истражувањето, чиишто резултати покажале дека гласното воздивнување за време на сексуалното уживање често и не се така интензивни, а уште помалку искрени, може да внесат барем малку мир во животите на оние кои во ноќите ги слушаат гласните соседи.

Истражувањето објавено во Archives of Sexual Behavior покажала дека гласното воздивнување за време на сексот и не е така искрено како што звучи.

Научниците  Gayle Brewer и Colin Hendrie им поставувале серија прашања на 71 жена, на возраст од 18 до 48 години. 

Вокализацијата за време на сексот се поделиле во категории кои ја вклучуваат тишината, викање/стенкање, врисок/крик, зборови  и наредби.  

Останатите прашања се занимавале со тиа зошто жените толку викале, во кој момент имале оргазам, и ако немале – зошто толкава гласност. 

Поради досада, замор или органичено време гласно воздивнувајќи сакаат да ја забрзаат работата. Погласно не значи дека е повозбудена – дотолку повеќе кога се највозбудени, на пример за време на оралниот секс, жените се потивки. 

Дури 92% од испитаничките мислат дека тоа му годи на самодовербата на нивните партнери, а 87% од нив признаваат дека и кога не се највозбудени, глумат, и тоа токму поради оваа причина.  

Понатаму, 25% од нив признале дека го користат овој метод рутински. Тоа го направиле во 90% од случаите кога сфатиле дека нема да дојдат до врвното задоволство, а 80% од нив дека воздивнале гласно додека глумеле оргазам.

16.09.2014 - 20:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега