Украински пратеник фрлен во контејнер за отпад

Тројца ултрадесничари го фатија денеска пратеникот во украинската Врхова рада, Виталиј Журавски, го фрлија во контејнер за отпад и го затворија капакот пред 500 националисти, кои протестираа пред зградата на Парламентот во Киев.

Журавски, кој е припадник на Партијата на регионите, член на Укрианската академија за политички науки, поранешен заменик-градоначалник на Киев и советник на поранешниот претседател Виктор Јанукович, кусо пред денешниот инцидент, говорел за почитување на европските вредности, бидејќи бил познат како заштитник на европска Украина. 

Европскиот парламент со мнозинство гласови денеска ја ратификуваше Спогодбата за асоцијација на Украина со ЕУ, додека со поврзан видео-линк во исто време пратениците од украинскиот Парламент, го ратификуваа истиот документ. 

Претходно денеска активисти на радикалните партии Десен сектор, Волја и АвтоМајдан запалија автомобилски гуми пред зградата на Парламентот, заканувајќи се дека ќе ги запалат сите во зградата, доколку Врховата рада се колеба околу донесување на законот за лустрација.

- Ратификацијата на Спогодбата за асоцијација никогаш нема да ја засени неопходноста од донесување на законот за лустрација. Донесовме гуми тука за да им демонстрираме на парламентарците дека доколку тие не гласаат за законот за лустрација, ќе им покажеме што е вистинска лустрација, изјави еден од активистите. 

16.09.2014 - 19:15


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега