Филе: Решавање на украинската криза тест за односите меѓу ЕУ и Русија

Еврокомесарот за проширување во заминување Штефан Филе ја осуди Москва поради учеството во украинската криза, но истакна дека Европската унија и Русија ќе мораат да соработуваат во решавањето на глобалните проблеми. 

Тој изрази задоволство од тоа што денеска Европскиот парламент со мнозинство гласови ја ратификуваше Спогодбата за асоцијација на Украина со ЕУ, додека во истовреме поврзани со видеолинк пратениците од украинскиот Парламент, Врховната рада, го ратификуваа истиот документ. 

Филе изјави дека Украинците платиле висока цена во процесот на приближување кон ЕУ од ноември минатата година од кога, како што рече, многу работи се смениле. 

- Крим, суверен дел од Украина, илегално беше анектиран од Русија, што е чин, кој никогаш нема да го признаеме, додека територијалниот интегритет на Украина го загрозуваат бунтовниците на истокот, која Русија ги поддржува со директно воено ангажирање, изјави еврокомесарот во расправата за соработката ЕУ-Украина во ЕП во Стразбур. 

- Но агресјата се е исплатлива. Напротив. Таа уште повеќе го обедини украинскиот народ во желбата за подобра иднина за својата земја, нагласи тој, додавајќи дека нема време за опуштање, бидејќи на Украина и претстои многу работа. 

Тој напомена дека руските сили се уште се во Украина, како и дека има спорадични судири, а голем дел од руско-украинската граница не е под контрола на властите во Киев. 

Филе порача дека ЕУ го поддржува суверенитетот на Украина, дава целосна и активна поддршка за решавање на украинската криза и потсети на европските санкции кон Москва. 

- Решавање на конфликтот во Украина ќе биде лакмус тест за односите меѓу ЕУ и Русија, изјави Филе, додавајќи дека соработката со европскиот континент овозможува сите земји да ги искористат бенфитите од слободниот економски простор од Лисабон до Владивосток. 

- Нашата европска куќа е уништена, дојде време да ја обновиме и во тоа треба да учествуваат сите европски партнери. Никој не треба да остане надвор од тој процес, наведе Филе. 

16.09.2014 - 17:58


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега