Скандал на теренот- голман наместо вода добил урина

Голманor на швајцарскиот клуб „Мури“, Рето Фелдер најави дека ќе ги тужи навивачите на „Баден“ кои во текот на еден меч наместо вода му понудиле урина.

Фелдер вели дека му било тешко кога без да се посомнева се напил од шишето и со ужас утврдил дека во него има урина, а не вода.

Швајцарскиот таблоид „Блик“ објави дека засега непознати хулигани наговориле собирачот на топки во текот на второто полувреме го замени шишето  на голманот кое стоело покрај голот.

Како што пренесува весникот, кога Фелдер сфатил што му дале да пие, хулиганите почнале да скандираат: „Сега имаш СИДА“.

Тренерот на „Мури“, Бит Хубел изјави дека „едноставно е шокиран“. - Ова навистина е врв на се. Играв и јас фудбал и искусив се и сешто, но ова надминува се, рече Хубел.

Претседателот на „Баден“, Томи Браун му се извини на голманот во име на клубот и рече дека веќе спроведува интерна истрага. 

16.09.2014 - 17:43


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега