Рецепт: Шарен ајвар

Сега е сезоната на ајварот, па поради тоа ви нудиме еден интересен рецепт за вкусен шарен ајвар.

Состојки:

  • 12kg пиперки
  • 3kg модар домат
  • 2kg моркови
  • 1,5l масло
  • 250g шеќер
  • 200ml оцет
  • 4 лажици сол
  • 100g сенф

Подготовка:

Пиперките и модрите домти испечете ги, излупете и сомелете. Морковите сварете ги и сомелете ги. Сите зеленчуци измешајте ги во голем сад, па додајте го маслото, шеќерот, оцетот и солта.

Варете во длабоко тенџере на умерена температура, со повремено мешање, додека не забележите згуснување на дното на садот.

Тргнете ја смесата од оган и додајте го сенфот.

Чистите и суви тегли ставете ги во рерна, вклучете ги на 100 степени и по 15-20 минути пресипете го топлиот ајвар. Затворете ги теглите, замотајте ги во пешкир и оставете ги да се изладат.

Извор: Попара

16.09.2014 - 17:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега